ALL RIGHTS TO MAS CONSULTING - EMACEDONIA 2015

Општи услови

Добредојдовте.

Со вашиот пристап во е-продавницата, се согласувате со општите одредби објавени подолу.

 

Електронска комуникација

Со вашата посета на е-продавницата или со испраќање на е-порака, воспоставувате електронска комуникација со нас. Од наша страна може да добиете повратен одговор преку е-пораки и/или известувањата. Со регистрацијата добивате можност за известувања за промоции, попусти, акции и нови производи. Доколку не сакате да ги добивате овие информативни билтени, Ве молиме да не известите.
Регистрираните членови на e-macedonia.mk се согласуваат да добиваат информативни и промотивни билтени, во кои меѓу другото ќе бидат застапени и содржини поврзани со понудите од нашите партнери.

 

Употреба

Примарна цел при прибирање на личните информации е да Ви обезбедиме сигурно, лесно и ефикасно искуство. Вие се согласувате дека можеме да ги користиме вашите лични податоци за:

- Да ви ги овозможиме услугите и поддршката кои ќе ги побарате, 
- Решавање на спорови или решавање на проблеми, 
- Оневозможување на евентуални забранети или илегални активности, 
- Прилагодување, мерење и подобрување на нашите услуги и содржина на веб страницата, 
- Споредување на точноста на дадените информации со трети страни.

 

Коментари, прегледи и друга содржина

Посетителите можат да објавуваат искуства, забелешки за производите или да објават идеи, коментари, прашања или други информации се додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или може да повреди трети лица. Исто така, коментари со политичка содржина, масовни пораки, реклами и слично, категоризирано во „spam“ се забранети. emacedonia.mk ќе да ги отстрани сите пораки за кои цени дека се во горенаведените категории.

 

Опис на производот

За сите производи направен е обид да се опишат најблиску и најточно што може. Сепак, emacedonia.mk не гарантира дека описите на производите се комплетни,  наполно точни или без грешки. Доколку производот понуден и добиен од nkshop.mk не е во согласност со описот, ваше право е да го вратите неоштетен и неупотребен.

 

Цени

Сите цени на сајтот се изразени во EUR и не ги вклучуваат трошоците за пакување и дистрибуција. Трошоците за пакување и дистрибуција се прикажуваат пред потврдување на нарачката и извршување на плаќањето.

 

Авторски права

Сите содржини на овој веб портал, како текст, слики, лого, икони, дигитални преземања и софтвер се во сопственост на АСК и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со закон.

 

Ограничување од одговорност

emacedonia.mk ги презема сите расположиви мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на веб страницата. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и Вие би биле засегнати. Вие се согласувате да ја употребувате нашата веб страница на сопствен ризик.

emacedonia.mk не обезбедува гаранција или враќање на производи

и/или парични средства за производи или услуги кои не се купени од нашата веб страница emacedonia.mk (АСК – Агенција за спортски консалтинг) не одгвора за поседувањето на авторските права за книгите што се продаваат преку системот. Издавачите и книжарниците се согласуваат со овие општи услови и потврдуваат дека ги имаат соодветните авторски права.

 

Законски одредби

Со посетата на emacedonia.mk се согласувате со овие општи одредби, политиките спомнати во овие општи одредби и со сите релевантни закони на Република Македонија.

 

Политики и измени

Ве молиме погледнете ги нашите политики, поставени на веб страницата. Овие политики исто така нудат одредби кои се однесуваат на посетата на веб страницата.

emacedonia.mk го задржува правото да прави промени на веб страницата, политиките и општите одредби во било кое време.

Адреса: АСК – Агенција за спортски консалтинг, ,,Игњат Атанасовски“ бр.3 Веро 4, 7000 Битола – Македонија

 

Содржина на коментар

Се препорачува коментарите на emacedonia.mk да бидат во согласност со содржината на сајтот.

 

Препораки и правила за коментарите:

 

• Најдобро е да внесуваат коментари кои го изразуваат личното мислење на корисникот во однос на одредена книга кои се напишани на културен и разбирлив начин.

 

• Се забранува навредливо критикување на личното мислење на друг корисник само затоа што не се совпаѓа со вашето.

 

• Може да се оцени книгата или да се цитира некоја мисла но не и да се раскажува истата со цел да се дозволи на останатите корисници сами да ја дознаат содржината од книгата која сакаат да ја нарачаат.

 

• Не се дозволени коментари кои содржат навредливи содржини во однос на расна, етничка, партиска или религиозна припадност.

 

Електронска фактура

Со секоја успешно извршена нарачка од системот на emacedonia.mk по електронска пошта ќе добиете електронска фактура која има третман на валидна оригинална фактура. Во случај кога купувањето е извршено од правно лице кое има потреба од испечатена фактура (со печат и потпис), истата ќе може да ја добие во просториите на АСК.

 

Претходно наведените правила се воведени за што поуспешна соработка и комуникација со нашите корисници како и добра интеракција меѓу корисниците.

Правила за заштита на лични податоци

Заштитата на лични податоци се однесува за веб страницата http://emacedonia.mk

 

Со Правилата за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката. Правилата за заштита на лични податоци можат да бидат изменети и при тоа секоја измена ќе биде прецизно евидентирана. Препорачуваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе ја посетувате нашата веб страница со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на вашите лични податоци. Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Правилата за заштита на лични податоци се однесуваат само за оваа веб страница. Поврзувањето со други веб страници, повлекува потреба од разгледување и читање на Политиките за заштита на личните податоци објавени на истите.

 

Прибирање на информации

Личните податоци се однесуваат на  : Име, презиме, поштенска адреса, телефонски број за контакт и електронска адреса, и се доброволно поднесени од нашите посетители, при што  истите се употребуваат исклучиво за реализирање на направената нарачка. Овие информации ќе се користат единствено за исполнување на нарачките, освен во случаите кога се согласувате на употреба за друга цел, на пример додавање на нашата мејлинг листа. Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од периодот што е неопходен за исполнување на целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат.

 

Технологија на следење/Cookies

Оваа веб страница може да употребува колачиња (cookies) и технологија на следење во зависност од понудените форми. Cookie и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб страницата и употреба на веб страницата од страна на посетителите. Cookies исто така придонесуваат кон подобрување на веб страницата и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку Cookies.

 

Давање на лични податоци на користење

Само врз основа на закон вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции. Имено, станува збор за следните можни ситуации: 
• Службено барање од соодветни служби кои имаат законска можност да го направат тоа, 
• Заштита заради постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција, 
• Истрага за измама која веќе се случила.

 

Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имаат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

 

Употреба на веб страницата од страна на малолетни лица

Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. emacedonia.mk никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот.

 

Информации за политиката за заштита на личните податоци

Доколку сакате да поставите прашање или да испратите коментар кон нашите правила за заштита на личните податоци, истото можете да го сторите, користејќи ги следните информации: Е-пошта: mas@emacedonia.mk На ваше барање, во рок од 15 дена ќе бидете информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на интернет страницата http://emacedonia.mk. Субјектите ќе бидат информирани за постоење на правото на пристап и исправка на нивните лични податоци.

 

 

Објава за промени

Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни. Последна промена: јули 2013

 

 

 

Испорака

Купените производи ќе Ви бидат доставени до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака Трошоците за испорака се пресметуваат според одбраниот начин на плаќање, и во зависност од моментални акции или промоции на emacedonia.mk. Динамиката на испорака ќе зависи од начинот на испорака кој сте го избрале.

 

За испорака во Македонија:

На денот на испораката, доколку претставникот за испорака не успее да Ве најде и да Ви ја предаде пратката ќе Ви биде доставена писмена информација за направениот обид. Доколку нарачаниот производ не може да Ви биде испорачан од наша страна, ќе бидете контактирани со употреба на податоците кои ги имате доставено при регистрацијата. Ве молиме внесете и ваш телефонски број. Истиот единствено би бил користен за координирање на испорака на книгите и останатите производи при купување.

 

Ве молиме имајте во предвид дека ACK испорачува само во работни денови.

 

Трошоците за испорака на нарачката ќе бидат јасно претставени, издвоени и лесно видливи во однос на цената на производот. Збирот на овие две цени (цена на производ и цена на услугата - испорака) ќе биде исто така јасно истакнат и назначен.

 

Забелешка за пратките за странство: 
Примачот на пратката е увозник и мора да ги почитува сите закони и прописи на земјата на испорака. Нарачките, коишто се испраќаат во странство може да бидат предмет на увозни давачки, царини, даноци и такси од страна на земјата назначена за испорака. Дополнителните трошоци за царинење ќе бидат на товар на примателот; ние немаме контрола над овие давачки и не можеме да предвидиме колкави би биле истите. Царинските политики варираат во голема мера од земја до земја. Ве молиме контактирајте ја вашата локална царинска испостава за дополнителни информации.

Враќање

Враќањето на производи и средства е можно единствено за производите кои се купени и платени преку emacedonia.mk .

Единствено производите кои се неотпакувани и неупотребувани може да бидат вратени во рок од 7 дена. Со вратениот производ мора да бидат приложени и фактура и испратница, при што се добива можност да истиот биде заменет со нов. Во ваков случај, Ве молимe да не информирате за Вашето барање и да го доставите на адреса: АСК Битола, ул. Игњат Атанасовски бр.3 (Веро 4), Битола.

 

Можноста за враќање на паричните средства  е остварлива само доколку производот е вратен неупотребуван и во оригиналното неотворено пакување, со приложена фактура и испратница во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе бидат вратени  на сметката која сте ја користеле при плаќањето на производот, намалени за банкарските провизии и трошоците за пакување и дистрибуција.

 

Во случаите кога ќе се утврди дека производот е користен, отпакуван (изваден од амбалажа) или е оштетен, но не од наша страна, тогаш не се врши враќање на парични средства.

 

emacedonia.mk го задржува правото да ја менува Политика за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени стапуваат во сила веднаш со објавувањето на веб страницата emacedonia.mk

Нашата политика за Враќање на производ и парични средства, е достапна на нашата веб страницата. Ви препорачуваме при секоја посета на веб страницата да ги погледнете објавените измени од Политиката за враќање.