Sports consulting association cover photo
Sports consulting association cover photo

,,Моја желба е да АСК ги инспирира сите и секого, уште еднаш и уште еднаш и уште еднаш ја доживеат возбудата во креирањето на нова и подобра сегашност''.

                                               

                                             Николче Костовски, основач на 

 

АСК

 

Кога го оформивме АСК, ние креиравме средина во која нашите тренери, ментори, едукатори и консултанти ќе имаат неограничена поодршка и стимулација за себенадградување и развој, ние креиравме предизвик кој ќе им овозможи да стануваат се подобри. Намерно поттикнуваме богат интелектуален живот, и создаваме средина во која сите тие ќе бидат третирани како незаменливи професионалци, на кои им е доверено да донесуваат значајни одлуки, за кои носат одговорност пред сите и пред секого...

 

Придружете ни се:

ЗАЧЛЕНИ СЕ!

 

И искористи ја можноста за континуирано користење на различни спортско рекреативни активности, обуки, семинари, работилници, кампови, тренинзи, советувања и многу повеќе, по поволни услови, достапни само за нашите членови.

CONNECT US

CONTACT US

TWEETS

"Ignjat Atanasovski" 17

lokal 3-Vero 4, 7000 Bitola

Macedonia

 

 

 

 

profeniks@t-home.mk

+ 389 70 339 689

 

© 2018 ACK - SCA. All Rights Reserved

Tutorials
offense, defense, goal keeper...

Квалитетниот спорт бара знаење, напорна работа, упорност и пред се адекватна и избалансирана исхрана. Оваа книга, единствена на македонски јазик, на повеќе од 300 страни ги сублимира најновите стручни и научно засновани податоци и препораки за оптимална исхрана, што ја прави незаменлива за спортистите, тренерите и секој кој би сакал да дознае повеќе за правилната и квалитетна исхрана... 

 

 

 

Постојаниот развој и перманентната промена на условите на функционирање на спортските организации, сакале тие или не, неминовно води кон потреба од паралелно еволуирање на начинот на однесување и задоволување на потребите на сигурно најесенцијалниот дел во функционирањето на организациите. Тоа несомнено се играчите, односно талентот со кој располагаат клубовите ... 

 

 

Текстот во трудот “Скаутинг“ е поделен во 12 (дванаесет) глави,во кои на мошне прецизен, разбирлив, содржаен и илустративен начин се претставени идејата, суштината и визијата за правилна и комплетна имплементација на Скаутинг Процес во организациите, особено спортските организации. За да се овозможи сеопфатност, во трудот е додаден и засебен дел на Применливост во кој со посебно изработени табели и формулари, дадена е можност...

 

 

 

 

Практичната применливост на содржината на оваа книга во насока на аналитички пристап кон методиката на тренинг, техничкотактичката, физичката и психичката подготовка на играчите, ја прави истата препорачлива за употреба како помагало во секојдневните тренинг активности. Можноста за анализа на перформансот за време на натпреварите е додадена вредност на оваа книга, која овозможува прецизна проценка на прикажаното во секој момент од даден натпревар... 

 

 

Осум (8) различни ракометни напади, проверени во натпреварувачки услови кои реално даваат резултати против поставена одбрана. Тоа се напаѓачки опции кои ќе бидат од корист за секој кој сериозно ќе пристапи кон анализа на истите. Со малку повеќе труд, од секоја напаќачка опција може да се искомбинираат барем уште по две (2) подваријанти. На Вас останува само да ги засукате ракавите и да уживате во резултатите од ова прво мултимедијално ракометно помагало...

 

“Првиот чекор кон вистинска ракометна иднина“...

Прирачникот за мини ракомет дава можност за потполна едукација во оваа спортска игра. 

Овој прирачник не само што ги задоволува основните критериуми во областа за која е наменет, туку дава можност за стручно усовршувањена тренери и педагози во работата со најмладите категории во оваа спортска игра...

 

Колекција на стручни туторијали за напад, одбрана и голман 

 

Напад

Голем избор на целосно разработени вежби, напади, теоретски сегменти и анализи, кои дозволуваат адаптација спрема различни перформанси...

 

Одбрана 

Селектиран избор на ракометни вежби, различни формации на одбрана, теоретски осврти и анализи кои овозможуваат креирање на голем број различни ракометни тренинзи...

 

Голман

Вежби, видеа, комплетни тренинзи, стручни осврти и коментари, доволни за правилна обука на ракометен голман...

Софтвер за автономно креирање на вежби, напади, различни варијанти на одбрана, тренинзи, презентација и анализа на истите...

 

Софтвер за прибирање, систематизација и анализа на податоци од тренинг и натпревари...

 

 

Различни спортско рекреативни активности според потребите и афинитетите на нашите членови...

 

Наменско креирање и планирање на тренинзи спрема потребите на нашите клиенти и членови...